Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан ова лето повторно би можел да се обиде да го донесе крилниот фудбалер на Барселона, Жерар Делофеу.
Делофеу минатата сезона одигра фантастични шест месеци на „Сан Сиро“, но Барселона ја искористи клаузулата во неговиот договор и го врати на „Камп Ноу“ за 12 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Делофеу не успеа да се наметне кај Каталонците, па во јануари повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Ватфорд.
Шпанецот немаше среќа па после само 5 натпревари се повреди и ги пропушти наредните натпревари за Ватфорд.
Делофеу на крајот на сезоната ќе се врати во Барселона, но јавно изјави дека нема намера да остане на „Камп Ноу“.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го врати фудбалерот на „Сан Сиро“, па е спремен да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.
Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24!