Дома Трансфер зона Милан оваа недела носи две засилувања

Милан оваа недела носи две засилувања

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе договорил две засилувања и ќе ги официјализира во следните неколку дена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото засилување треба да биде Оливие Жиру. Францускиот напаѓач има комплетен договор со „росонерите“ и ќе потпише двегодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона.

Челзи ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Жиру за уште една сезона, но „сините“ се спремни да го пуштат бидејќи напаѓачот побарал да се пресели во Милано.

„Росонерите“ исто така постигнаа договор со Реал Мадрид за Брахим Дијаз. Шпанецот и следната сезона ќе игра на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер, а следното лето Милан ќе има опција да го откупи за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…