Дома Трансфер зона Милан не се откажува од италијанскиот репрезентативец!

Милан не се откажува од италијанскиот репрезентативец!

Според пишувањето на италијанските медиуми, раководството на Милан ќе биде активно во текот на летниот трансфер период.

„Росонерите“ имаат во план сериозно да го засилат тимот и да станат се поконкурентни во борбата за највисоки успеси, а на „чизмата“ се повеќе се шпекулира за потенцијалните засилувања за кои наводно се наоѓаат на списокот на тренерот, Гатузо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сент Максимен, Караско, Тонали, Милинковиќ-Савиќ…, се само некои од имињата кои претходните денови се поврзуваа со трансфер во Милан, а желба на италијанскиот клуб наводно е и 23-годишниот играч за врска Стефано Сенси кој игра одлично во дресот на Сасуоло.

Милан уште во јануари беше заинтересиран за потписот на Сенси, но тогаш не успеа да најде заеднички јазик со Сасуоло. Сега медиумите пишуваат дека Леонардо спремил понуда од 20 милиони евра и сака по секоја цена да го види Италијанецот на „Сан Сиро“.

За Сенси исто така интерес покажуваат уште Барселона и Интер, па Милан нема да има лесна задача, но наводно се наоѓа во предност пред ривалите.

Сенси оваа сезона во Серија А настапи на 21 натпревари, а на своето конто има еден гол и две асистенции. Дека станува збор за одличен играч говори и фактот што Роберто Манчини му даде шанса и во репрезентацијата на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…