Eкипата на Милан продолжува за се засилува и според последните информации, „росонерите“ постигнале договор со Ноа Окафор, напаѓач кој доаѓа од редовите на Салзбург.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Талентираниот фудбалер постигнал договор со Милан кој за неговите услуги ќе плати сума од околу 14 милиони евра. Трансферот се очекува да биде комплетиран во текот на утрешниот ден.,
Окафор би бил шесто засилување за Милан откако претходно пристигнаа голманот Спортиело, Лука Ромеро, Лофтус-Чик, Пулишиќ и Рејндерс. Се најавува дека следен би можел да биде Чуквуезе од Виљареал.