Милан бара засилување во одбраната и најголема желба во зимскиот преоден рок ќе биде големиот француски талент, Мохамед Симакан.
20-годишниот Французин минатата сезона блесна во дресот на Стразбур и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Симакан го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.
Директорот Малдини призна дека преговорите се во тек, а медиумите тврдат дека играчот веќе се договорил со „росонерите“.
Последните информации се дека двата клуба се блиску до договор за трансфер тежок 15 милиони евра плус бонуси.