Раководството на Милан е многу внимателно со играчите на кои им истекува договорот на крајот на сезоната, па покажуваат интерес за фудбалерот кој веќе беше виден во дресот на Интер.
Станува збор за играчот на Јувентус, Квадво Асамоа кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а медиумите беа сигурни дека ќе се пресели во Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ веќе долго време преговараат со неговиот агент и се блиску до договор, но сега и Милан се вклучи во траката за неговиот потпис.
Искусниот фудбалер од Гана може да игра и како лев бек и како играч за врска, па Милан смета дека ќе биде одлична алтернатива за Франк Кеси.
Асамоа веќе нашол куќа во Милано и сигурно од следната сезона ќе игра на „Сан Сиро“, но сега останува да видиме во кој дрес.
Наводно Лео Бонучи ги презел работите во свои раце и сака да го убеди својот пријател да се пресели во Милан.