Милан и Реал со водство ќе патуваат во реваншите од ЛШ против Наполи односно Челзи.
Милан и Наполи одиграа возбудливо полувреме со многу шанси на двете страни, а со предност на одмор заминаа „росонерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првите 15 минути Наполи беше подобриот тим, но Милан дојде до водство во 40-та минута со голот на Бенасер. Во последната минута Кјаер ја погоди стативата.
Во вториот дел Милан добро ја контролираше играта, а од 75-та минута имаше и играч повеќе после исклучувањето на Ангуиса. Сепак „росонерите“ не успеаа да постигнат уште еден гол и со минимална предност ќе патува во Неапол.
Реал Мадрид има сигурна предност од 2:0 после првиот меч на „Сантиаго Бернабеу“. „Кралевите“ дојдоа во водство со голот на Бензема во 22-та минута по асистенција на Винисиус.
Бен Чилвел во 59-та минута откако го повлече Родриго за рака, па му ја олесна работата на Реал Мадрид. Марко Асенсио во 74-та минута, повторно по асистенција на Винисиус зголеми на 2:0.