Дома Трансфер зона Милан конечно почна и да продава!

Милан конечно почна и да продава!

Екипата на Милан договори нова продажба и тоа за 6 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Трабзонспор ја заврши работата околу доведувањето на Јурај Кучка.

Овој словачки фудбалер во Милан пристигна во 2015. година, но сигурно дека следната сезона нема да има премногу простор за игра, па одлучи да го промени клубот.

Деталите се завршени, Милан ќе добие 6 милиони евра за 30-годишниот фудбалер од средината на теренот. Тоа не е се од шопингот на Трабзонспор во Милано, најверојатно ќе го доведат и фудбалерот на Интер, Гари Медел, со кого преговаораат веќе неколку недели.

Кучка во Милан пристигна од Џенова, претходно настапуваше за Подрежово, Рузомберок и Спарта Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…