Дома Трансфер зона Милан и Јувентус пред дербито договорија нов трансфер?

Милан и Јувентус пред дербито договорија нов трансфер?

Утре во вечерните часови на „Сан Сиро“ ќе се сретнат Јуве и Милан, а изгледа дека старите сојузници повторно ќе работаат во јануари…

Наводно, договорот е блиску, Јувентус сака да ја заврши работата за да ослободи место за Де Лихт од Ајакс, кој, според сето она што се очекува, на лето ќе пристигне во Торино. Трансферот според некои информации би требало да биде вреден околу 50 милиони евра, а дел од парите Италијанците ќе ги добијат од Мехди Бенатија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Мароканецот сака да си оди, не игра доволно, како што и самиот вели, има 31. година и нема време да седи на клупа, со враќањето на Бонучи го загуби местото во тимот. На Милан му е потребен стопер, Калдара кој пристигна од Јувентус се повреди, долго време ќе биде отсутен, па договорот е на чекор од реализирање.

Имено, „Росонерите“ би го добиле Бенатија на позајмица со откуп од 15 милиони евра на крајот од сезоната. Откупот станува задолжителен, ако Мароканецот одигра одреден број на натпревари. Нема се уште потврда, но италијанските медиуми пишуваат дека договорот е многу блиску, со што Алегри планира да го присили Ругани кој ќе потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …