Дома Трансфер зона Милан и Челзи постигнале договор, ново засилување пристигнува на „Сан Сиро“

Милан и Челзи постигнале договор, ново засилување пристигнува на „Сан Сиро“

Фикајо Томори се очекува во наредните денови да пристигне во Италија за да го заврши трансферот во редовите на Милан.

„Скај Спорт“ тврди дека работата е завршена до најситни детали и дека Томори дефинитивно ќе се пресели на „Сан Сиро“. Договорот е младиот дефанзивец да биде позајмен во редовите на „росонерите“ кои ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мохамед Симакан од Стразбур беше прва опција за Милан, но тој се повреди, а покрај тоа го избра Лајпциг пред Милан. Поради тоа лидерот во Серија А се насочи кон Томори.

23 годишниот кој е роден во Канада има еден настап за Англија, но на „Стенфорд Бриџ“ не добива прилика и сезонава запиша само четири настапи. Во Милан се очекува да биде важен дел во ротацијата во сезоната во која Милан засега се бори за Скудетото.

Со оглед дека Милан игра во Купот и во Лигата Европа Пиоли ќе мора да има широк играчки кадар, затоа и Томори сигурно ќе има повеќе простор за игра отколку во Челзи.

Ќе потсетиме Милан веќе го официјализира трансферот на Суаилх Меите, а се очекува и доаѓање на искусниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…