Лукас Пакета оваа зима беше на излезни врати од Милан, но на крајот остана на „Сан Сиро“.
Младиот бразилски фудбалер во Милан пристигна од Фламенго, „росонерите“ за него платија скоро 40 милиони евра и очекуваа многу од него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми сега пишуваат дека Бразилецот сигурно ќе си замине на лето. Клубот кој засега покажал најголем интерес за Пакета наводно е Фиорентина, која веќе започнала преговори за трансферот.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на дефанзивецот Никола Миленковиќ.
Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, го привлече вниманието на многу европски гиганти и неговата цена во моментов се движи околу 40 милиони евра.
Миленковиќ е примарна трансфер цел на „росонерите“, веќе започнале преговори со неговиот агент и се спремни да започнат преговори за трампа со Фиорентина.