Тотенхем не е единствениот клуб кој е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Барселона, Карлес Алења.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последните информации од Шпанија се дека Милан се вклучил во трката за неговиот потпис и е спремен да испрати понуда за големиот талент на Каталонците.
21-годишниот играч за врска има само 45 одиграни минути оваа сезона и тоа во првото коло од Примера, иако минатата сезона одигра неколку одлични натпревари.
Фудбалерот исто така е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, бидејќи е јасно дека на „Камп Ноу“ тешко ќе се избори со конкуренцијата.
Неговиот договор со Барселона истекува во 2022 година и Каталонците немаат проблем да го пуштат, но ќе сакаат во договорот да има „бај-бек“ клаузула во следните две години.