Италијанскиот шампион Милан следното лето може да направи голем трансфер, пренесува „Калчомеркато“.
Спортскиот директор, Паоло Малдини, има план во летниот преоден рок да го донесе во Милано, Џек Грилиш, најскапиот играч во историјата на Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан на лето најверојатно ќе го продаде Рафаел Леао, доколку не стави потпис на нов договор, па смета дека Грилиш би бил идеална замена за Португалецот.
За Леао интерес покажува Манчестер Сити, па би можело да дојде до спектакуларна трампа на двата клуба.