Дома Трансфер зона Милан и Реал се договорија за Брахим Дијаз

Милан и Реал се договорија за Брахим Дијаз

Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.

Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз и двете страни се блиску до договор.

Милан е спремен на крајот на сезоната да го откупи Дијаз за 25 милиони евра, а Реал најверојатно ќе стави бај-бек клаузула во договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…