Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан во 25-годишниот Германец гледа идеална замена за Хакан Чалханоглу.
„Росонерите“ веќе оствариле контакт со агентот на Брант, кој дал согласност за трансфер на „Сан Сиро“.
Сега двата клуба треба да најдат заеднички јазик, а медиумите тврдат дека може да дојде до трампа.
Борусија Дортмунд е заинтересирана за Рафаел Леао, а цената на двајцата фудбалери во моментов изнесува околу 30 милиони евра.