Дома Трансфер зона Милан и Барселона ја сакаат новата холандска ѕвезда

Милан и Барселона ја сакаат новата холандска ѕвезда

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за 19-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот холандски напаѓач ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 20 гола и запиша 13 асистенции во 35 одиграни меча оваа сезона.

И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте. Поради тоа Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“ ова лето.

Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, а „росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент, Мино Раиола.

Интерес за напаѓачот покажува и Барселона бидејќи Куман одлично го познава Холанѓанецот и сака да го донесе на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…