Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на млад напаѓач, а Малдини веќе составил список со неколку имиња.
Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Жиру е во зрели фудбалски години, па Милан сака да донесе млад напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва желба е Расмус Хојлунд, кој оваа сезона блесна во дресот на Аталанта. 19-годишниот Данец има постигнато 14 гола и покажа дека е голем талент.
За него интерес покажуваат многу европски гиганти, а Милан сака да ја победи конкурецијата и нуди трампа на Аталанта.
„Росонерите“ се спремни да го понудат Де Кетеларе, за кого минатото лето платија 35 милиони евра, а Аталанта е заинтересирана за таквата трампа.