Француските медиуми пренесуваат дека Милан и Арсенал ќе ја водат главната битка за потписот на Ренато Санчез.
Според пишувањето на медиумите Лил е спремен во летниот преоден рок да го продаде Санчез на кого договорот со францускиот клуб му истекува летото 2023 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според „Кориере дело спорт“, Милан сакаат да го купат Санчес веќе во јануари, но францускиот „Ле 10 спорт“ тврди дека и Арсенал подготвува понуда, која најверојатно ќе биде повисока од таа на миланезите.
Милан, сепак, имаат добри односи со францускиот клуб, од кого летово го купија голманот Мајк Мањан и верува дека ќе ја победи конкуренцијата.