Дома Трансфер зона Милан испрати понуда до ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Милан испрати понуда до ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.

Договорот на Фелаини со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, а последните информации од Островот се дека одбил да стави потпис на нов договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно Белгиецот веќе ја откажал вилата во која што живеел во Манчестер и се спрема за нов предизвик во кариерата.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.

Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ му понудиле 3-годишен договор вреден 5 милиони евра по сезона, па сега се чека одговор од фудбалерот.

Фелаини е наводно заинтересиран за преселба во Италија, па голема е веројатноста од следната сезона да го гледаме на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…