Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.
Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука.
Малдини веќе започнал преговори со Челзи за откуп на дефанзивецот и ќе се обиде да ја намали цената, иако „сините“ тешко дека ќе направат компромис.
Сепак, „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан сигурно ќе го откупи 23-годишниот Англичанец, кој веќе постигнал договор со „росонерите“ за 5-годишна соработка.