Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан донел одлука да го откупи Анте Ребиќ на крајот на сезоната.
Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двата трансфери се разделени, па Милан ќе има шанса да го откупи Ребиќ, без разлика на трансферот на Португалецот.
Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“ и само од почетокот на 2020 година постигна седум гола, па Милан одлучи да го откупи.
„Росонерите“ веќе почнале преговори со Ајнтрахт Франкфурт и сакаат да го откупат Хрватот по завршувањето на сезоната.
За перменентниот трансфер на Хрватот, Милан ќе треба да плати околу 30 милиони евра, а медиумите тврдат дека „росонерите“ се спремни да ја платат таа сума.