Италијанскиот гигант Милан денес го договори првото засилување за следната сезона, потврди „Скај Италија“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако „росонерите“ во изминатите денови се поврзуваа со неколку фудбалери, сепак првото засилување е апсолутно изненадување за сите.
Станува збор за 25-годишниот играч за врска на Емполи, Раде Круниќ кон одигра добра сезона и беше на мета на Фиорентина, Лацио и Џенова.
Меѓутоа, новиот тренер Марко Џампаоло добро го познава Босанецот и го побарал во својот тим, бидејќи смета дека ќе биде одлична алтгернатива во средниот ред.
Новинарот на „Скај Италија“, Џанлука ди Марцио потврди дека е постигнат комплетен договор за трансфер од 6 милиони евра, а се очекува играчот утре да пристигне на прегледи во Милано.
BREAKING: Rade Krunic will join Milan for €6M + bonuses, according to @DiMarzio. pic.twitter.com/QBCPbWUGTp
— TheMilanBible (@TheMilanBible) June 12, 2019