Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Торино постигнале договор за трансфер на Суали Меите.
26-годишниот играч за врска ќе се пресели на „Сан Сиро“ на позајмица со право на откуп следното лето за 10 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан во овој преоден рок сака да го засили средниот ред со играч кој ќе може да биде замена за Кеси, па „росонерите“ сметаат дека Меите би бил идеална опција.
Французинот добро ја познава Серија а и не би требало да има проблем со адаптацијата. Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена.