Дома Фудбал Италија Милан доби големо засилување: Потпиша Флоренци!

Милан доби големо засилување: Потпиша Флоренци!

Искусниот дефанзивец Алесандро Флоренци (30) е нов играч на Милан.

Овој 30-годишен десен бек пристигна во Милано на едногодишна позајмица од Рома со опција за откуп на договорот.

Флоренци денеска е претставен како нов играч на Милан и потпиша договор до 30. јуни нарената година.

„Милан со задоволство го објавува потписот на Алесандро Флоренци од Рома. Играчот доаѓа на позајмица со можност за откуп на договорот.“, соопшти Милан.

Флоренци го избра и бројот на дресот, а во Милан ќе го носи бројот 25.

Флоренци скоро цела кариера ја помина во Рома. Претходната година беше позајмен во ПСЖ, а уште настапуваше за Кротоне и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија има најмали шанси за промоција! (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација во сабота го започнува настапот во Лигата Б од Лигат…