Винченцо Монтела ќе остане во Милан доколку денеска ја совлада Џенова, меѓутоа, прашањето е колку време. Медиумите тврдат дека до првиот лош резултат.
Вчера во клубот бил одржан состанок, потврдено беше тоа што се претпоставуваше, порачано било Гатузо да биде подготвен, доколку Монтела добие отказ, легендата на Милан ќе го превземе тимот. Тој се врати во клубот да биде тренер на Примавера, односно на младиот тим, но има поголемо искуство во работа со професионалци, бидејќи беше на клупата на Палермо, работеше во Грција и со Пиза избори пласман во втората лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гатузо ќе биде привремено решение, се споменуваше и Мацари, но изгледа дека Милан ќе почека до лето, бидејќи уште од сега изгледа дека нема да има ништо од Лигата на Шампионите, и оваа сезона изгледа како изгубена, иако е рано да се зборува, Милан ќе се обиде да стигне што понатаму во Лигата на Европа.