Дома Трансфер зона Милан го сака промашувањето на Манчестер Јунајтед

Милан го сака промашувањето на Манчестер Јунајтед

Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е спремен да го напушти клубот во јануари бидејќи не е задоволен од својот статус во тимот.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


24-годишниот играч за врска е уморен да чека шанса на „Олд Трафорд“, па веќе започнал да бара нов клуб, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан.

„Росонерите“ играат одлично и се на врвот на табелата во Серија А, но сакаат да го засилат тимот во јануари, а Ван де Бек е една од најголемите желби.

Милан ќе се обиде да го донесе играчот на позајмица во јануари со право на откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дерби на Манчестер за Јапонец од Брајтон

Арсенал и двата гиганти од Манчестер ова лето ќе се борат за потписот на ѕвездата на Брајт…