Милан игра одлично оваа сезона, но Стефано Пиоли сака додатно да го засили тимот во борбата за Скудетото.
Пиоли сака да го засили средниот ред со креативен фудбалер и сака да го донесе шпанскиот плејмејкер Дани Себаљос.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Себаљос ова лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но се уште нема одиграно ниту една минута, бидејќи се опоравува од повреда со која се здоби за време на Олимписките игри.
Милан има одлични релации со Реал Мадрид, па наводно веќе почнал разговори со „кралевите“.
„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Себаљос на позајмица со право на откуп следното лето.