Дома Трансфер зона Милан го потврди „големото зимско засилување“

Милан го потврди „големото зимско засилување“

Италијанскиот гигант Милан го објави „вистинското големо засилување“ во јануарскиот преоден рок на својот официјален сајт, но тоа сигурно не е она што фановите го очекуваа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во соопштението на „росонерите“ се посочива дека „вистинското засиливање“ е всушност Андреа Конти, кој ќе се врати на терените после повредата на коленото која ја доживеа во септември.

Конти минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ како големо засилување од Аталанта за 24 милиони евра, но веднаш доживеа повреда и одигра само неколку натпревари за „росонерите“ до сега.

Десниот бек и италијански репрезентативец добро се опоравува од повредата и се очекува на терените да се врати кон крајот на месецот, па поради тоа „росонерите“ во него гледаат како на ново засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…