Раководството на Милан донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи Брахим Дијаз, кој е на позајмица од Реал Мадрид.
Дијаз веќе трета сезона игра како позајмен фудбалер на „Сан Сиро“, а Милан на крајот на сезоната има можност да го откупи за 22 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанецот игра фантастично од почетокот на сезоната и Милан веќе донесе одлука да го откупи на крајот на оваа сезона.
Сепак, последниот збор ќе го има Реал Мадрид бидејќи „кралевите“ имаат опција да го вратат во Мадрид за 27 милиони евра.
Милан сака да го задржи плејмејкерот и наскоро ќе седне на преговарачка маса со Реал, а со оглед дека двата клуба се во исклучително добри односи се очекува да најдат заеднички јазик.
📰 #Gazzetta: In summer, AC Milan will try to keep Brahim Diaz pic.twitter.com/Hcqezt6QUl
— Milan Posts 🏆🇮🇹 (@MilanPosts) March 13, 2023