Тимот на Милан денес го одигра првиот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Избраниците на Марко Џампаоло денес одиграа тренинг натпревар од затворен тип против Новара која се натпреварува во Серија Ц, а во првиот тим на Милан се најдоа неколку играчи кои би требало да бидат стадардни првотимци во наредната сезона.
Како што пренесува „Тутомеркато“ новот засилување Раде Круниќ не бил во составот поради послабата физичка форма, надвор од комбинација се нашол и Андре Силва.
Инаку на крајот натпреварот завршил 1:1.
Милан наскоро ќе игра многу посериозни пријателски натпревари на Интернационалниот куп, а ривали ќе му бидат Баерн, Бенфика и Манчестер Јунајтед. „Росонерите“ започнуваат со натпреварот против Баерн на 24 јули.