Дома Топ вести Милан ги започна преговорите со Хамес Родригез

Милан ги започна преговорите со Хамес Родригез

Милан е во потрага по плејмејкер после заминувањето на Чалханоглу, а италијанските медиуми откриваат дека Малдини започнал преговори со Хамес Родригез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбиецот сака да го напушти Евертон после заминувањето на Анчелоти и сака да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.

Неговиот менаџер, Жорге Мендеш имал средба со Малдини и им го понудил Хамес Родригез на „росонерите“.

Договорот на Колумбиецот истекува следното лето, па Милан понудил 10 милиони евра за неговиот потпис, а „карамелите“ сакаат да вметнат и бонус од 5 милиони евра.

Се очекува двата клуба наскоро да постигнат договор, а Хамес ќе потпише 3-годишен договор тежок, 4,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…