Дома Фудбал Милан во 2018. година со рекордна загуба

Милан во 2018. година со рекордна загуба

Милан минатата година беше далеку од оној стариот, кога се сметаше за еден од најдобрите клубови во светот.

Управата објави дека во 2018. година клубот имал рекордна загуба во износ од 145,9 милиони евра. Седумкратниот европски шампион, загубата ќе ја покрие со главниот акционер – американската компанија „Елиот“, која го превзеде клубот минатата година.

Милан во последните шест години имаше загуба од 500 милиони евра, а тоа време не играше во Лигата на Шампионите. Оваа сезона беше исфрлен од Лигата на Европа поради прекршвуање на финансискиот фер плеј. Последната европска титула Милан ја освои 2007. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двапати водеше против Јувентус, но Ваноли не се задоволува со бод: Треба да бидеме лути!

Фиорентина испушти две предности во ремито 2-2 со Јувентус, а Паоло Ваноли побара неговите…