Дома Трансфер зона Милан во јануари го носи новиот „бисер“ на Салзбург?

Милан во јануари го носи новиот „бисер“ на Салзбург?

Според информациите на „Газета дело Спорт“ Милан покажал голем интерес за 20 годишниот Доиник Шобозлаи.

Играчот за врска на Ред Бул Салзбург сезонава на 11 натпревари во сите натпреварувања постигна пет гола и подели осум асистенции, па така на себе го сврте вниманието на големите клубови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Иако има само 20 години, Шобозлаи веќе две години игра на високо ниво во Салзбург. Во квалификациите за Лигата на шампионите беше клучен играч, а одличен беше и во двата натпревари во групите од ЛШ. Станува збор за комплетен играч кој нема некоја очигледна мана“, пишува „Газета“.

Италијанците тврдат дека ова не е првпат Милан да покаже интерес за Шобозлаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …