Дома Трансфер зона Милан вади „покер“ во јануари: Пристигнуваат четири ѕвезди!

Милан вади „покер“ во јануари: Пристигнуваат четири ѕвезди!

Раководството на Милан сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, бидејќи целта е „росонерите“ да завршат во Топ 4 и да изборат пласман во Лигата на шампиони.

Клубот и Гатузо веќе го потврдија првото засилување, за 35 милиони евра ќе пристигне ѕвездата на Фламенго, Лукас Пакета.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Пакета ќе пристигне во Милано во следните неколку дена. Ќе тренира со тимот, а ќе може да дебитира во јануари“, потврди Гатузо.

Меѓутоа, раководството спрема уште три големи трансфери. Наводно Ибрахимовиќ е веќе договорен и се чека само потврда, а спортскиот доректор Леонардо работи на доведуваење плејмејкер и стопер.

Италијанските медиуми тврдат дека клубот е блиску до договор со Челзи за трансфер на Цеск Фабрегас, а кога е дефанзивецот во прашање се споменуваат имињата на Кристенсен и Бенатија.

Во секој случај Милан значително ќе го засили тимот во зимскиот преоден рок!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…