Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па наскоро би можел да направи трансфер во Милано.
Италијанските гиганти Интер и Милан веќе подолго време го следат Де Паул, а медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ веќе презеле конкретни чекори за негов ангажман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конте смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи Де Паул може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Двата милански гиганти веќе имале средба со агентот на Де Паул, а Удинезе за неговата слобода ара 35 милиони евра.