Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Белгиецот во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови, а се поизвесно е дека на лето како слободен играч ќе го напушти Ливерпул.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Милан и Интер, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Интерес за Ориги покажуваат и некои клубови од Бундеслигата, но тој преферира преселба во Серија А.
Останува да видиме кој од миланските гиганти ќе ја добие битката за неговиот потпис.