Дома Фудбал Миланското дерби под знак прашалник поради смртта на Астори

Миланското дерби под знак прашалник поради смртта на Астори

Утрово Италија ја потресе веста за смртта на Давиде Астори кој според информациите починал во сон.

Поради оваа трагедија, секако натпреварот кој требаше да се одигра помеѓу Удинезе и Фиорентина е одложен. Но, покрај оваа средба би можеле да бидат одложени и останатите натпревари кои требаа да се одиграат денес.

Под знак прашалник е доведено и големото миланско дерби, кое е закажано за 20:45 часот помеѓу Милан и Интер. Шансите овој натпревар да биде одложен се навистина големи бидејќи Астори токму во Милан ја започна својата професионална кариера. Но, официјална потврда за такво нешто се уште нема.

Натпреварот кој требаше да се игра 12:30 часот помеѓу Џенова и Каљари исто така е одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…