Дома Топ вести Мидо најави голем трансфер на ѕвездата на Ливерпул!

Мидо најави голем трансфер на ѕвездата на Ливерпул!

Колку е реално?

Мохамед Салах е вистинско открите и најдобар фудбалер на Ливерпул во досегашниот дел од сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул во текот на летото плати 45 милиони евра за Еѓипќанецот што се покажа како одличен потег, бидејќи на досегашните 18 натпревари Салах постигна 14 погодоци.

Неговиот сонародник и најпознатиот претходник на Салах, Mидо испрати честитски до фудбалерот на Ливерпул откако тој стана најдобар стрелец на оваа земја во Европа, но и најави негов трансфер во Реал Мадрид.

„Му честитам на Салах за големото остварување. Пред него е голема иднина.  Се сеќавам дека навивачите на Ливерпул ми се потсемаваа кога пред три години кажав дека Салах ќе биде 10 пати подобар од Стерлинг. Сега конечно знаат дека сум во право“, изјави Мидо и додаде.

„Салах има силен менталитет да продолжи да игра на највисоко ниво во наредните неколку години. Верувам дека нема долго да остане во Ливерпул, бидејќи наскоро очекувам негов трансфер во Реал Мадрид?, порача Мидо

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …