Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до третта победа во АБА2-лигата и тоа откако по голема драма го совладаа тимот на Ловќен со 100-90.
По 40 минути игра резултатот беше 79:79. Во текот на целиот натпревар двете екипи се менуваа во водството, а кошот за израмнување го постигна Иванов на 27 секунди до крајот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во дополнителните пет минути МЗТ беше значително подобар тим и на крајот славеше и убедлива победа од десет поени разлика 100:90.
Најефикасен во составот на МЗТ беше Медфорд со 22 поени, а најефикасен играч на мечот беше Алекса Поповиќ со 33 поени.