Голманот на Милан, Мајк Мењан беше мета на расистички напади од навивачите на Удинезе, поради што мечот беше времено прекинат.
После мечот Французинот откри детали и истакна дека не треба само да се зборува за расизмот, туку потребни се потешки кази.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Уште при првиот гол-аут, слушнав мајмунски крици, но не преземав ништо. Вториот пат кога ја имав топката кај себе, повторно слушнав исти крици. Му го кажав тоа на четвртиот судија, а потоа и на моите соиграчи на клупата. Им порачав дека не може да се игра фудбал во такви услови, не е првпат да се случува нешто слично“.
„Мора да имаме строги санкции бидејќи разговор повеќе не помага. Тие „фанови“ кои што го прават тоа треба да си седат дома и да не доаѓаат повеќе на стадион. Кога го сакаш фудбалот, сакаш да дојдеш на стадион и да навиваш за својот тим, да ги учиш децата да го сакаат фудбалот. Срамно е кога децата се таму со своите семејства и пријатели и го гледаат ова“, истакна Мењан.