Дома Останати Мејведер ќе боксува на кров пред 20 луѓе – еден билет чини вистинско богатство!

Мејведер ќе боксува на кров пред 20 луѓе – еден билет чини вистинско богатство!

Флојд Мејведер е еден од најдобрите, но и најконтроверзни боксери, а сега закажа борба против својот долгогодишен спаринг партнер Дон Мур, борбата треба да се одржи на 14. мај во Дубаи.

Ова ќе биде спектакуларен меч кој ќе се одржи на хелиодромот на хотелот „Бурџ Ал Араб“. На оваа необична локација борбата ќе може да ја следат само 20 гледачи. И разбирливо ако сакате да сте меѓу тие 20 ќе треба да платите вистинско богатство.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најавите се дека еден билет за оваа борба ќе чини 215.000 евра. Борбата ќе се следи и во директен пренос преку стримиг-платформа. За ваквата услуга ќе треба да се плати 18 евра.

Ќе потсетиме, Мејведер после победата над Конор Мекгрегор кариерата ја заврши со перфектни 50-0, а ова ќе биде негова трета егзибициска борба после пензионирањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал после две години победи на земја

Рафаел Надал денеска го одигра својот прв натпревар по пауза од 103 дена и запиша лесна по…