Тимот на Металург во текот на изминатата вечер пристигна во Шпанија на дуелот со Адамар Леон.
Металург на овој дуел отпатува со автобус и после 43 часа и поминати 3.000 километри пристигнаа на предвидената дестинација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Нашата авантура, која предизвика огромен интерес во ракометниот свет, среќно заврши пред вратите на хотелот во кој ќе биде сместен нашиот тим. Сите ракометари се добро, сите се расположени и со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар. Утре наутро Металург веројатно ќе го искористи своето право за полесен тренинг, колку да ја осети подлогата во “Палатата на спортовите“ во Леон“, стои во објавата на официјалната страна на Металург.