Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург доби „корпа“: Еурофарм ќе игра во Лигата на шампиони!

Металург доби „корпа“: Еурофарм ќе игра во Лигата на шампиони!

Во Битола по подолга пауза повторно ќе се игра елитен ракомет, откако Еурофарм Работник доби учество во Лигата на шампиони.

ЕХФ денеска ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона. Трофејот ќе го брани Вардар и тој е еден од носителите на А или Б групите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вториот наш претставник овој пат ќе биде Еурофарм Работник, но тоа се лоши вести за Металург, кој после неколку години ја загуби можноста да игра во ЛШ.

Екипата од Битола имаше извондредна сезона во македонскиот шампионат, па како награда пристигна учеството во елитното натпреварување, каде ќе игра во група Ц или Д.

Во четврток, на 27-ми јуни од 18 часот во Виена ќе се одржи ждрепката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…