Хуан Фелипе во јануари пристигна во Шкендија како големо засилување, но Бразилецот разочара во Тетово во досегашниот дел од сезоната и поради тоа ќе го напушти клубот.
Фелипе беше најавен како засилување кое ќе и помогне на Шкендија да ја одбрани титулата, меѓутоа се покажа како целосно промашување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денес клубот од Тетово на својата официјална страна потврди дека одржан бил состанок на кој било одлучено Фелипе да си замине од клубот.
Фелипе во Шкендија дојде во директнен трансфер од Вардар.
Фото: Шкендија