Лионел Меси се врати на теренот по тринеделна пауза и Интер Мајами и одново ја покажа својата класа, но неговиот тим не победи.
Интер Мајами беше домаќин на Колорадо по два врзани натпревари без победа, а Колорадо поведе на крајот од првото полувреме кога Рафаел Наваро беше прецизен од белата точка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Херардо Мартино поради тоа беше принуден веднаш да го уфрли Меси во игра на полувремето, како и Бускетс. Веќе во 58. минута Меси во свој стил реагираше на одбиената топка и израмни на 1:1. Само две минути подоцна Меси беше главниот креатор на акцијата во која Руиз потоа го проигра Леонардо Афонсо за 2:1.
Impacto inmediato del mejor de todos 🐐✨
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) April 7, 2024
La conexión Negri – Messi nos da el empate al inicio del 2T. 🤝 #MIAvCOL pic.twitter.com/fCAxl3PoUQ
Dreams really come true: Leo Afonso scores his first goal in his first start 🤩✨ #MIAvCOL | 2-1 pic.twitter.com/WPrajDRRP2
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) April 7, 2024
Но, во 88. минута Колорадо успеа да постигне втор гол во мечот, бидејќи Басет погоди за конечни 2:2.
По добриот старт на сезоната, Интер не може да се пофали со добра форма, бидејќи има само една победа во последните пет натпревари, а сега е на третото место во Источната конференција на МЛС со 12 бода.