Прогнозите за претстојното враќање на Лионел Меси во аргентинскиот национален тим се покажаа вистинити, откако денес неговото име беше вклучено во списокот за контролните дуели со Венецуела и Мароко.
Ѕвездата на Барселона направи пауза и нема настап за аргентинската репрезентација од Мундијалот, па сега ќе се врати во националниот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси одлучи да „одмори“ и да размисли дали во иднина ќе настапува за репрезентацијата, но одличи да се врати во пресрет на Копа Америка која на програмата е од 14 јуни до 7 јули.
Освен Меси нападот ќе го предводат Пауло Дибала и Лаутаро Мартинез, додека во тимот ќе го нема Мауро Икарди кој се уште не е закрепнат од повредата на коленото и Игуаин кој игра лоша сезона.
Голмани: Аугустин Марчесин, Хуан Мусо, Естебан Андрада, Франко Армани
Одбрана: Герман Пецела, Габриел Меркадо, Хуан ФОјт, Николас Отаменди, Валтер Канерман, Николас Таљифико, Марко Акуња, Гонзало Монтиел, Ренцо Саравиа, Лисандро Мартинез
Среден ред: Леандро Паредес, Гуидо Родригез, Џовани Ло Целсо, Мануел Ланцини, Роберто Переира, Анхел Ди Мариа, Матиас Зарачо, Иван Марконе, Доминго Бланко, Родриго Де Пау
Напад: Лионел Меси, Гонзало Мартинез, Пауло Дибала, Анхел Кореа, Лаутаро Мартинез, Дарио Бенедето, Матиас Суарез.
#SelecciónMayor Ésta es la lista de futbolistas convocados por el entrenador Lionel Scaloni para los próximos amistosos de la @Argentina. pic.twitter.com/a16vUSMQSJ
— Selección Argentina ?? (@Argentina) March 7, 2019