Дома Фудбал Меси се врати во Барселона, се сретна со Чави и двајца поранешни соиграчи 📸

Меси се врати во Барселона, се сретна со Чави и двајца поранешни соиграчи 📸

Лионел Меси ги одигра последните 20-тина минути од дуелот со Ремс кој ПСЖ го доби со 4:0, а после тој натпревар Аргентинецот се упатил во неговиот втор дом.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На заминувањето од Барселона Меси истакна дека Барселона секогаш ќе биде неговиот втор дом и со задоволство ќе се враќа во градот каде што ги помина најдобрите денови од кариерата. Аргентинецот во Барселона има и голем број пријатели.

Сега Меси ја искористи паузата во националните првенства за да се сретне со старите пријатели. Аргентинецот е фотографиран на вечер во луксузен ресторан во Барселона заедно со Чави, Бускетс и Жорди Алба.

Средбата како што пишуваат медиумите во Шпанија била по повод 42-роденден на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гави се израмни со иконата Пеле

Играчот од средниот ред на Барселона Гави стана само шестиот фудбалер во историјата кој уч…