Капитенот на Барселона, Лионел Меси може да пропушти три натпревари за каталонскиот тим, пренесува „Мундо Депортиво“.
Меси најверојатно ќе биде повикан на натпреварите на аргентинската репрезентација во квалификациите на Светското првенство 2022 година. Доколку Аргентинецот се согласи да дојде во националниот тим, ќе мора да помине низ двонеделен карантин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За да игра за репрезентацијата, Меси ќе мора да лета две недели пред квалификациите. Така, тој може да ги пропушти натпреварите од Ла Лига со Виљареал, Селта и Севиља.
Репрезентацијата на Аргентина ќе игра против Еквадор на 8 октомври, и Боливија на 13 октомври.
Ваквиот развој на настаните сигурно нема да им се допадне на фановите, но и на тренерот Куман кој веќе упати критики за физичката форма на Меси.