Лионел Меси се уште не донел одлука дали на крајот од сезоната ќе го продолжи договорот со Барселона.
Договорот на Меси со Барселона истекува на лето и ќе може како слободен играч да го напушти „Камп Ноу“ доколку не се согласи да го продолжи договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Барселона се надеваат дека новиот претседател Жоан Лапорта ќе успее да направи пресврт во ситуација и ќе го убеди Меси да остане. Лапорта има рок до 30. јуни, до тогаш важи договорот на Лео.
Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта и Меси набрзо ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе поставил три услови.
Првиот услов бил Барселона да доведе звучно име во нападот, а изгледа дека тоа би можел да биде некој од Агуеро или Халанд. Вториот е Барселона повторно да се базира на играчите од „Ла Масија“, оваа сезона можеше да се види дека има потенцијал за такво нешто.
И третиот услов, Меси да има директна врска со претседателот за да ги знае плановите и тактиката на водење на клубот во наредниот период.