Дома Топ вести Меси НЕ потпишал, но Каталонците поради еден човек немаат причина да се грижат

Меси НЕ потпишал, но Каталонците поради еден човек немаат причина да се грижат

messi

Лионел Меси и неговиот договор секако се главна тема во Каталонија, Аргентинецот сеуште не го продолжил договорот кој му истекува на лето, барем нема ништо официјално.

Бартомеу тврди дека се е договорено, но потпис нема, некои шпански медиуми дури и пишуваат дека Меси не разговара со директорот Фернандез бидејќи не е задоволен од преодниот рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа во медиумите има безброј шпекулации, но никој не верува дека Аргентинецот може да ја напушти Барса.

Се споменува Сити, но таа комбинација не е реална, не поради парите, туку поради Пеп Гвардиола.

Имено, за тоа не се зборува, но тие двајца не се во добри односи. Бидејќи постои приказна дека Гвардиола во 2012 поради Меси ја напуштил Барселона. Тогаш се шпекулираше дека Меси не ги почитувал правилата на Гвардиола да нема газирани пијалоци и доцнење на тренинзите.

Гвардиола најмногу му замерувал што Меси за секој проблем се обраќал директно кај управата и го прескокнувал тренерот. Сите кои не беа во добри односи со Меси ги чекаше иста судбина, често се заборава дека Меси по своја желба елиминираше многу играчи како Ето, Ибра, Давид Виља…Се со цел да игра поблиску до голот на позиција која му одговора.

Поради тоа тешко соработуваше со Пеп кој секогаш молчеше, поради интересите на клубот, но како што тврдат одредени шпански медиуми во последните пет години од кога Гвардиола ја напушти Барселона тој и Меси скоро и да не разговарале.

Освен Сити други опции за за Лео во овој момент нема, па навивачите на Барселона не би требало да се грижат, изгледа дека Меси порано или подоцна сепак ќе потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…